„Зелени“ кредити за инвестиции во обновливи извори на енергија

Bez autora
Feb 02 2011

Компаниите да инвестираат во нови технологии и да го искористат потенцијалот на Македонија за производство на енергија од обновливи извори, препорачаа учесниците на семинарот „Технологија на биогорива, опрема и употреба“ во организација на Стопанската комора на мал бизнис. За ефикасно искористување на енергијата од сонцето, ветерот, биомасата и природниот гас, неопходни се инвестиции за осовременување на домашните технологии, за што од неодамна домашните и странските банки започнаа да нудат поволни, „зелени“ кредити под повластени услови. Употребата на обновливи извори на енергија е обврска на Македонија како кандидат за членство во Европската унија. До 2020 година, според европските закони, 20 проценти од производството на енергија треба да биде од обновливи извори. Крајниот бенефит е намалување на емисијата на стакленички гасови во атмосферата.

„Зелени“ кредити за инвестиции во обновливи извори на енергијаКомпаниите да инвестираат во нови технологии и да го искористат потенцијалот на Македонија за производство на енергија од обновливи извори, препорачаа учесниците на семинарот „Технологија на биогорива, опрема и употреба“ во организација на Стопанската комора на мал бизнис.

За ефикасно искористување на енергијата од сонцето, ветерот, биомасата и природниот гас, неопходни се инвестиции за осовременување на домашните технологии, за што од неодамна домашните и странските банки започнаа да нудат поволни, „зелени“ кредити под повластени услови. Употребата на обновливи извори на енергија е обврска на Македонија како кандидат за членство во Европската унија. До 2020 година, според европските закони, 20 проценти од производството на енергија треба да биде од обновливи извори. Крајниот бенефит е намалување на емисијата на стакленички гасови во атмосферата.

„Користењето обновливи извори на енергија е значајно за секоја земја, а Македонија може значаен процент од неопходната енергија да ја добива од биомаса“, истакна заменик-министерката за животна средина и просторно планирање Соња Лепиткова, и потенцира дека за таа намена може да се добијат пари од Европската унија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik